Будимпешта: Балканските држави заслужуваат шанса за членство во ЕУ

Од:

Европската унија им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата, изјави во Стразбур европратеникот од редовите на унгарската партија Фидес, Балаж Хидвеги, додавајќи дека проширувањето на Балканот е клучна стратешка и политичка можност и одговорност на ЕУ.

Коментирајќи го одбивањето на францускиот претседател Емануел Макрон да се отворат преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, Хидвеги истакна дека тоа прашање барало политичка расправа за која „Унгарија е подготвена“.

Европратеникот ја нагласи поддршката на неговата земја за проширување на ЕУ, тврдејќи дека тоа е во интерес на Унијата да стане посилна и постабилна.

Зборувајќи за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во мај следната година во Загреб, тој изрази надеж дека земјите членки тогаш ќе одржат вистинска политичка расправа за иднината на Унијата, а проширувањето на ЕУ со балканските земји би можело да се врати на дневен ред.

Според него, ЕУ, исто така, треба да ги има предвид руските интереси и ширењето на руското влијание на Балканот, нагласувајќи дека регионот историски, географски и политички е дел од Европа.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски