Бројот на сириски бегалци во Турција достигна 1,62 милиони лица

Од:

Бројот на сириски бегалци во Турција достигнал 1,62 милиони лица, се наведува во извештај  на турска парламентарна комисија за човекови права.

Во извештајот на комисијата, објавен вчера, е наведено дека 224.000 од Сиријците се наоѓаат во бегалски кампови во Турција. Во десет турски окрузи се изградени над 20 бегалски кампови.

Околу 190.000 бегалци пристигнаа во Турција во сепрември и октомври од сирискиот курдски град Кобане. 857 лица, повредени во судирите во Кобане, биле примени на лекување во турски болници.

Досега 325.000 Сиријци се вратиле во татковината од Турција.

Во извештајот на парламентарната комисија е наведено дека од почетокот на кризата во Сирија, турската држава потрошила 4,5 милијарди долари за укажување помош на сириските бегалци.

Сите бегалци регистрирани во Турција од Сирија добиваа документи за идентификација по давање отпечаток од прст. Бегалците се подложени на медицински прегледи, а на децата им се даваат неопходни вакцини, се вели во извештајот на парламентарната комисија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ