Бројот на починати од грип во Грција се искачи на 91

Од:

Изминатава седмица во Грција биле регистрирани 17 нови смртни случаи од грип, со што бројот на починати од почетокот на сезонава се искачи на 91, покажуваат податоците од грчкиот Центар за контрола и превенција од болести.

Според истите податоци, како што јави дописничката на МИА од Атина, иако нема намалување на смртните случаи од грип на седмично ниво, сепак во периодот од 18 до 24 февруари, намален е бројот на заразени лица во споредба со претходната недела.

Од Центарот за контрола и превенција од болести и понатаму советуваат дека вакцината против грип е најдобриот начин за заштита.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на заболени од грип

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он