Брнабиќ: Србија никогаш вака не напредувала

Од:

„Се обидов да ја работам својата работа на најдобар можен начин, горда сум на тоа што го направивме, не мислам дека се беше совршено, но резултатите се јасни, Србија никогаш вака не напредувала“, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во денешното ТВ обраќање.

-Монструозните злосторства што се случија на 3 и 4 мај длабоко не погодија, трогнаа и променија, оваа земја и секој од нас нема да биде ист по тие трагедии, уште еднаш мое најдлабоко сочувство до семејствата, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека по трагедиите биле преземени мерки.

„Разоружување, зголемување на бројот на полицајци кои ќе се грижат за училиштата, измени на Кривичниот законик, формирање на Работна група за ментално здравје и борба против врсничкото насилство“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: Здравјето на претседателот е сериозно нарушено

Брнабиќ за нападот во Нови Сад: Го осудувам она што јас лично го нарекувам фашистичко дивеење

А1он

Брнабиќ: Никој од опозициските медиуми не го забележа садизмот што го гледавме сите овие месеци

Брнабиќ: Очекувам полека да се враќа наставата на факултетите

Српскиот парламент го доби предлогот за членови на новата влада на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

А1он