Брнабиќ: Отворениот Балкан има светла иднина, не верувам дека Рама е против тоа

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека е убедена дека иднината на иницијативата „Отворен Балкан“ е светла и дека на оваа иницијатива ќе се приклучат и други од регионот.

Таа истакна дека оваа иницијатива е „автохтона и исклучително практична, бидејќи сите проекти имаат специфична примена.“

„Без оглед на одредени изјави, а не верувам дека премиерот на Албанија, Еди Рама, е против иницијативата „Отворен Балкан“. Мислам дека и тој зборуваше за тоа. Значи, верувам дека иднината на оваа иницијатива е светла и безбедна“, рече Брнабиќ во заедничкото обраќање со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Брнабиќ и Ковачевски го посетија мобилното продажно место „Отворен Балкан“ – електронска наплата, на наплатната станица Прешево, во правец кон Северна Македонија.

Ковачевски истакна дека верува и дека иднината на иницијативата Отворен Балкан е светла, наведувајќи дека зголемената трговска размена на нејзините членки е најдобар показател дека иницијативата дава резултати.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ: Нема борба против корупцијата додека Ѓилас и Шолак се на слобода

А1он

Брнабиќ: Тие што не работеле нема да земаат плата

Брнабиќ: За 48 часа сме подготвени да го исполниме она што студентите го посочуваат како неисполнето

Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде опозицијата не сака избори

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата

А1он