На петтиот протест „Србија против насилството“ во саботата на улиците на Белград излегоа десетици илјади луѓе кои во поворка низ централните улици на градот го опколија седиштето на претседателот на Србија. Тие сметаат дека власта е одговорна за зголемувањето и толерирањето на насилството во општеството и оставија бројни пораки со критики и повици тој да се повлече.
Kako ovo objasnite deci? Moj sin ima 4 god. Ja sam "ćale" za vas koji promovišete tolerantnije društvo – i ne znam kako bih mu objasnila. @avucic je prijatelj, otac, sin… čovek koji daje sve da 🇷🇸 bude jača. Imate drugačiju viziju – OK, ali vešanje, a borite se protiv nasilja? pic.twitter.com/knhQXxPYYF
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 3, 2023
Српската премиерка Ана Брнабиќ на Твитер објави фотографија од обесена кукла која личи на Александар Вучиќ.
„Како им го објаснувате ова на децата? Мојот син има 4 години. Јас сум „татко“ за вас што промовирате потолерантно општество – и не знам како да му објаснам. Вучиќ е пријател, татко, син… човек кој дава сè за да ја направи Србија посилна. Имате поинаква визија – Добро, но бесење, а се борите против насилството?“, напиша Брнабиќ.