Брнабиќ: Сакавме да направиме историско решение за помирување меѓу Србите и Албанците

Од:

Премиерката на Србија со технички мандат, Ана Брнабиќ, оцени дека формулацијата „итно решение на косовското прашање“ која се почесто се појавува во европските извештаи, значи дека одредени меѓународни кругови сакаат да видат решение за тоа отворено прашање.

„Во таа смисла, притисокот ќе се зголеми, бидејќи одредени меѓународни фактори сакаат да видат решение на ова отворено прашање и тоа повеќе да не биде на дневен ред“, изјави таа.

Според неа, официјален Белград никогаш не се оддалечил од решавање на овие прашања, односно од изнаоѓање компромисно и взаемно прифатливо решение кое би било долгорочно и би обезбедило траен мир и стабилност.

„Сакавме да одиме чекор понатаму: да направиме историско решение за помирување меѓу Србите и Албанците, што го иницираше тогашниот премиер Александар Вучиќ кога беше во посета кај албанскиот премиер Еди Рама“, рече таа.

Таа додаде дека официјален Белград сам не може да го реши проблемот и посочи дека „за договор се потребни двајца“.

„Потребно е да се зборува за компромис: тоа го немаме во овој момент, не сме блиску до тоа, тоа решение мора да биде компромисно решение“, пренесе Бета.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Српскиот парламент го доби предлогот за членови на новата влада на Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Брнабиќ: Ректорскиот колегиум да одговори кој учествувал во обидот за воен удар

Брнабиќ за инцидентот во Градското собрание: Терористички чин на оние кои се обидоа да го запалат Собранието

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Брнабиќ: Србија е единствената земја во светот каде опозицијата не сака избори

Брнабиќ: Еве ги нашите 100 потписи, еве демократска можност за нашата опозиција