Шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ Јохан Сатлер денеска во Бања Лука изјави дека ќе се залага за намалување на меѓународното присуство во БиХ, бидејќи тоа е некомпатибилно со членството на БиХ во Унијата.
Сатлер изјави пред новинарите дека последните најави за интересот на Германија за ситуацијата во БиХ се позитивни, бидејќи тие покажуваат силен ангажман на таа земја како една од главните членки на ЕУ.
Тој посочи дека во изминатите години, во БиХ има видлива поддршка во однос на евроинтеграциите, како и дека најголемиот процент граѓани поддржуваат членство во ЕУ
– Тоа е показател дека ЕУ е најреален партнер на БиХ, за што сведочи и досегашната поддршка на Европа за санирање на последиците од коронавирусот, рече Сатлер пред седеницата на Парламентарниот форум на БиХ за европска интеграција, кој се одржува во Националното собрание на Република Српска.