Брегу: Младите од Западен Балкан и иднината на Европа

Од:

Пандемијата, која се приближува на својата втора година од влегувањето на глобалната сцена, радикално ги промени животите, особено на Балканот, кој е толку блиску, а сепак толку далеку од Европа, додека приказната за проширувањето на Европската унија на Балканот е убедлива само за многу мал број луѓе во Европа, оцени генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

„Како природата, така и политиката не сака вакуум и не можам да негирам дека деновиве недостига поврзаност помеѓу енергијата од евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан и постоечките очекувања“, вели Брегу во авторски текст, пренесува Бета.

Седумдесет проценти од граѓаните на Западен Балкан на возраст меѓу 18 и 24 години веруваат дека членството во ЕУ би било добро за нивните економии, многу повисоко од другите старосни групи. Нивната визија за ЕУ ​​и Европа е визија која овозможува слобода на патување (59 проценти), слобода на работа и образование (59 проценти) и економски напредок (48 проценти).

Слободата е главната цел за младите, но слободата на патување не е она на што мислат младите од Западен Балкан кога ја замислуваат Европа. Размислуваат и за слободата на образование и работа, што за некои, како младите од Косово, се уште е сон, посочи Брега.

„Во регион каде што две третини од младите се подготвени да стекнат дополнителни квалификации за да се вработат и дополнителни вештини за напредување, речиси четвртина од нив не се вработени, не студираат или се усовршуваат. Не треба да нè чуди што две третини од нив би биле подготвени да живеат и работат во странство. Можностите за работа и студирање надвор од нивните економии се, повторно, исцрпувачки, скапи бирократски процеси и процедури за признавање и барање на потребните дозволи“, рече таа.

Според Брегу, реалноста наметнува ограничувања на идеите. Европската унија не е совршена, процесот на проширување не е лесен, а иднината генерално не е права линија.

„Ако, сепак, се водиме од некоја идеја, постојат работи што можеме да ги направиме за нашата сегашност, но и да ја обликуваме иднината во согласност со идеалите кон кои се стремиме“, оцени таа.

Брегу истакна дека граѓаните од регионот имаат одлични идеи, што се покажа и со нивното учество на натпреварот „Балкатон“, организиран од Регионалниот совет за соработка, каде што презентираа нови, дигитални и иновативни решенија кои ќе му користат на регионот.

„Во Западен Балкан има многу позитивни примери на девојки во науката, технологијата, инженерството и математиката, жени претприемачи и успешни млади луѓе, кои ги следиме и забележуваме и секогаш сме тука да ги промовираме“, рече Брегу.

Со поддршка на регионалната коалиција за работни места и вештини, регионот ќе се погрижи компаниите да развиваат и да ги задржуваат талентирани луѓе од Западен Балкан, се со цел регионот да стане место каде младите имаат причина да останат, но и причина да се вратат.

„Тирана од вчера и официјално е европска престолнина на младите и тоа е голема чест, одговорност и можност да ја обликуваме иднината на градот и нашиот регион во срцето на Европа“, рече Брегу.

На прашањето што треба прво да се направи, најголем дел од младите вклучени во процесот го посочија истото, а тоа е да се вклучат во креирањето на конкретни промени, особено во однос на образованието, вработувањето и животната средина.

„Западен Балкан е полн со млади жени и мажи со идеи, интелигентни, талентирани, кои зборуваат неколку јазици, храбри и самоуверени, врвни во спортот и уметноста. Тие не се сиромашни роднини на Европејците. Итно треба да се преиспитаме, обновиме и повторно да ја рекреираме реалноста со која младите сакаат да се носат, заклучи Брегу.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ