Повеќе од 30 шлепери со брашно и пченка од Србија, за кои се соменва дека се контаминирани со афлатоксин чекаат резултати од анализата на царинските терминали во Косово.
Портпаролот на Косовската агенција за храна и ветеринарство, Љумир Тачи изјави дека од секој шлепер кој влегува на Косово се земаат примероци за анализа.
-Тоа почна да се применува од четврток, откога добивме информација дека постои сомнеж во брашното и пченката да има тешки метали – изјави Тачи.
Анализите се вршат на Косово, а според него треба да бидат готови до крајот неделава. Косово досега од Србија увезе 9.500 тони пченка, само во јануари и февруари годинава.
Елена Георгиевска