Борисов: Нема критична маса за гласање недоверба на Владата

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека во моментов во земјата нема критична маса за поднесување барање за гласање недоверба на Владата.

Борисов коментирот го даде за бугарските новинари во Брисел, како одговор на ставот на претседателот на БСП, Михаил Миков, јави БТА.

Според информациите во медиумите, Миков предвидува такво гласање „кога во општеството ќе се натрупа поголема критичност“.

-Тоа е право на опозицијата. Миков правилно кажа -доколку се натрупа критична маса. Јавно е дека сега нема критична маса, изјави Борисов.

Според него, бугарската опозиција нема што лошо да каже за Владата. Што да каже, дека за Божиќ дадовме 50 милиони лева за бугарските пензионери и за Велигден ќе дадеме уште толку. Нема кој не е задоволен, дека сите европски фондови, подготвени во нивно време, сега работат.

На почетокот на јануари на прозводителите на пченица им исплативме милиони. Затоа нема кој не ја регистрирал стабилноста во државата, коментира Борисов.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ