Борисов: Бугарија може да биде дистрибутивен центар за гас во Европа

Од:

Бугарија е меѓу членките на ЕУ, кои се најсилно заинтересирани за гарантирање на сигурноста на дистрибуцијата на енегренси и за обезбедубање на диверзификација на енегретските извори, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што јави БТА, Борисов нагласи дека бугарската Влада активно работи на реализација на неколку клучни проекти, што би и овозможиле на Бугарија да обебеди пристап до сигурни извори на енергенси и со тоа да се претвори во центар за дистрибуција на гас во Југоисточна Европа и во цела ЕУ.

– Во зимата 2008 година Бугарија беше една од земјите кои беа најтешко погодени кога Русија ја запре дистрибуцијата на гас за Европа преку Украина. Оттогаш бугарската држава е решена повеќе да не дозволи таков ризик, изјави Борисов во обраќањето на заседание на Групата на виско ниво за изградба на гасни врски во Централна и Југоисточна Европа, што се одржува во Софија.

Тој нагласи дека за Бугарија приоритет е изградбата на интерконекторски енергетски врски со соседните земји – Грција, Романија, Турција и Србија, како и развој на сопствени извори на гас од реонот на Црното Море.

– Ве уверувам дека бугарската Влада во партнертсво со соседите и со поддршка на Европската комисија е решена да работи на целсно интегрирање на гасниот пазар во Централна и Југоистична Европа и за поставување на основите на (Европската) енегретската унија, истакна Борисов.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ