Борисов: Бугарија ќе обезбеди дозволи за градење на Јужен поток за да не биде обвинета за неуспех на проектот

Од:

Бугарија има намера да ги обезбеди сите неопходни дозволи за проектот Јужен поток за да не биде обвинета за неуспех на проектот, изјави во Брисел бугарскиот премиер Бојко Борисов.

По консулатции во Брисел, Борисов ги убедил лидерите на ЕУ дека Бугарија треба да ги исполни сите свои обврски за меѓународни договори за да не биде обвинета државата за неуспех на проектот, а за се останато ќе се погрижат властите во Европската унија.

– На тој начин нашата држава сега ќе може да ги исполни своите обврски односно подготовката… и ќе издаде одобрување за градба, изјави Борисов. Тој додаде дека ако потоа Гаспором сепак донесе решение за прекин на проектот,  Бугарија нема да биде виновна.

Пред средбата, Борисов нагласи дека Јужен поток не е проблем само за Бугарија.

– Нашите европски партнери треба да разберат дека ние не можеме секогаш да губиме арбитражи и да губиме пари, наведе Борисов.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална