Борисов: Бокова и понатаму останува кандидат на Бугарија за генерален секретар на ОН

Од:

Бугарската Влада и понатаму ја поддржува Ирина Бокова како кандидат за генерален секретар на ОН, изјави денеска во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Медиумите изминативе денови шпекулираа дека Бугарија нема да и даде поддршка на Бокова и наместо неа ќе ја кандидира потпретседателката на Европската комисија, Кристалина Георгиева.

– Нашата поддршка за Бокова продолжува барем до 26 септември, кога таа треба да биде меѓу двајцата главни кандидати, истакна бугарскиот премиер.

Советот за безбедност на ОН на 26 септември ќе одржи ново, петто гласање за генерален секретар, а потоа, како што се очекува, членките на Советот ќе бираат меѓу еден од двајцата кандидати кои ќе имаат најмногу гласови.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална