Целта денеска беше Косово и Србија да договорат како ќе го имплементираат договорот постигнат на 27 февруари во Брисел. Тоа значи практични чекори, што треба, кога од кого и како треба да биде направено. 12 часа дискутиравме. Имаме договор за тоа како да се спроведе договрот. Косово и Србија се договорија за анексот за нормализација на однсите рече вечерва на прес конференција еврокомесарот за проширување Жозеп Борел.
– Како дел од овој анекс, двете стани се договорија да ги почитуваат сите членови од договорот и да ги исполнат сите обврски. Ова беше постигнато по тешки преговори. Косово се согласи да почене вднаш преговрои со ЕУ за воспоставување сомостојност на српските општини. Двете страни не се договорија да подтелниот план кој го предложивме. Косово немаше флексибилност за темата, а Србија претходно рече дека нема да потпишува додека не е подготвено за импелментација, рече Борел.
Борел објасни и дека анексот ќе стане интегрален дел од патот на двете земји за интеграција во ЕУ. На овој начин двете страни ќе бидат обврзани со догворот, а ние во ЕУ ќе ги форисраме да ги исполнуваат обврските затоа што тие стануваат дел од нивниот пат кон ЕУ порача Борел.