Борци од ПКК убија член на турската владејачка партија

Од:

Претставник на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) е убиен од борци од Курдската работничка партија (ПКК), јави турската агенција Анадолија.

Според извори од полицијата, убиството било извршено вчера во градот Дикле, округот Дијарбекир во југоисточна Турција.

Борците од ПКК отвориле оган врз општинскиот претседател на АКП Деријан Актерт, кој се наоѓал во својата канцеларија.

Преземена е операција за пронаоѓање на напаѓачите.

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) водат вооружена борба против турската држава од 1984 година. ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција, ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски