Бомба експлодира во даночната служба во Атина

Од:

Поставена бомба експлодира рано изутринава во седиштето на грчката даночната служба во атинскиот кварт Кифисија, јави агенцијата АНА-МПА.

Експлозијата, предизвикала само материјална штета, била најавена во телефонско јавување во редакцијата на еден грчки весник, една интернет страница и во полициската единица за брза интервенција.

Веднаш по најавата полицијата го блокирала реонот околу зградата на службата.

Според првичните информации, експлозивната направа била поставена на влезот на зградата на даночната служба.

Полицијата почна истрага за случајот. Се претпоставува дека експлозијата е дело на анархистички групи.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија