Бојко Борисов предлага БСП или ДПС да го добијат мандатот за состав на влада

Од:

Лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и бугарски премиер во оставка Бојко Борисов денеска предложи Бугарската социјалистичка партија (БСП) или Движењето за права и слободи (ДПС) да го добијат мандатот за формирање нова влада на Бугарија.

По средбата со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, Борисов изјави дека смета оти опозициските БСП или ДПС треба да добијат можност да ги спроведат изборите, за потоа да неможат да кажат дека имало манипулации со изборниот процес.

Според Борисов, на овој начин ќе нема потреба претседателот Плевмелиев да ја преземе сета одговорност.

Како што јави БТА, Плевнелиев в четврок ќе се обрати до нацијата и пред пратениците во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме