Блискоисточните лидери ги поздравија Ердоган и турскиот народ поради спречувањето на пучот

Од:

Палестинското движење Хамас го поздрави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради задушувањето на заговорот за негово соборување од власт.

– Турскиот лидер е непоколеблив поддржувач на Хамас и жесток критичар на Израел, се наведува во соопштението на Хамас. 

Групацијата посочува дека го памети „мудрото лидерство на Турција за поддршка на палестинскиот народ и неговата кауза“ и напорите за укинување на блокадата на Газа. 
Катар, кој има блиски врски со Владата во Анкара, го осуди обидот за воен удар.

Катарските власти го означија обидот за пуч како „нарушување на уставниот поредок“ на Турција и иразија поддршка за сите законски мерки, кои Владата ги презема за да ја зачува безбедноста и стабилноста.

Катарскиот шеик Тамим бин Хамас ал Тани разговарал телефонски со Ердоган, давајќи му ја целосната поддршка на Доха. 

Помошник-пакистанскиот премиер Наваз Шариф го осуди обидот за преврат и изјави дека Пакистан се надева дека мирот и стабилноста ќе бидат обновени во Турција. 

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изрази поддршка за демократски избраната турска Влада, нагласувајќи во изјавата дека „демократските избори се најефикасниот начин за мирно предавање на власта“.

Претседателот на соседен Азербејџан, Илхам Алиев исто така го осуди превратот. 

Алиев изрази загриженост поради овој настан и ги поздрави мерките, кои беа преземени за да се спречи пучот и да се стабилзира ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ