Блиц: САД забрани увоз на лекови од „Хемофарм“ поради бактереолошки неисправна амбалажа

Од:

Американската Aгенција за храна и лекови (ФДА) воведе забрана за увоз на медикаменти од српската фармацевска компанија „Хемофарм“, затоа што во некои од нејзините ампули со инјекции е пронајдена опасната и во некои случаи смртоносна бактерија Burkholderia cepacia, објави белградскиот весник „Блиц“.

Според весникот, станува збор за резистентна и опасна бактерија која предизвикува заболување на белите дробови и може да биде опасна по човековиот живот.

Поради откривањето на оваа бактерија ФДА ја стави „Хеморфарм“, која е сопственост на германскиот концерн „Штад“, на листата на компании на кои им е забрането пласирње на производи на американскиот пазар се до отстранувањето на нерегуларностите.

Претставници во „Хемофарм“ за „Блиц“ изјавиле дека е прекинат извозот на лекови на американскиот пазар, но тврдат дека станува збор за раскинување на договорите со партнерите во САД поради „комерцијални причини“.

Извори во компанијата сепак ја потврдуваат информацијата за забраната на ФДА, нагласувајќи дека спорните шишенца не биле користени како амбалажа за инјекции наменети за домашниот пазар.

Тие тврдат дека во случајот не станува збор за неисправност на лековите, туку на празните ампули кои се полнат во погоните на „Хемофарм“. Тоа значи дека ампулите кои излегле од погоните на „Хемофарм“ биле инфицирани со бактеријата пред да стигнат до крајните потрошувачи, вели изворот на „Блиц“.

Весникот наведува дека напорите да добие информации од српското Министерство за здравство, односно од фармацевската инспекција околу контролата на квалитетот на лекарствата на „Хемофарм“ останале без резултати.

Вчера не добивме одговор на прашањето дали инспекцијата открила пропусти во производните хали на „Хемофарм“. За ова не сакаше да говори ни министерот за здравство Зоран Станковиќ, наведува „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он