„Блиц“ објави т.н. Ценовник на корупцијата во Србија

Од:

Белградскиот весник Блиц денеска објави т.н. Ценовник на корупцијата во кој се посочени цени со кои може да се купи диплома, дозвола за градба, да се избегне казна…

Според ценовникот, за 300 евра може да се премине во повисок клас во училиште, за 3.000 евра – докторска титула, а ако скате дозвола за градба таа ќе ја добиете за илјада евра.

Ако родилка сака да добие посебна грижа во болницата, треба да плати илјада евра поткуп.

Весникот додава дека цените се изразени во евра – „валута што е многу распространета во државата“.

Ценовникот е објавен една недела откако директор на белградска болница беше уапсен бидејќи побарал 500 евра од пациент за да го помести понапред на списокот на луѓе кои чекаат операција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници