Блиц: Министри без конкурс вработиле 148 лица

Од:

Владата на Србија не само што поставувала високи државни службеници врз основа на член од закон што престаналда важи пред две години, туку без конкурс поставила и директори на новоформирани канцеларии. Со непочитување на законот вработени се 148 функционери, јави Блиц.

Транспарентност Србија, укажува на кршење на законот и фактот дека од 162 државни службеници, 148 дошле на функција без конкурс.

Од формирањето на Владата распишани се само 12 конкурси за тие службеници кои се „поставени лица“, и најмногу се на државни функции под министерот или замениците.

Цела армија функционери се поставени врз основа на член 179 од Законот за државни службеници чија примена престанала да важи на 31 декември 2010 година, а потоа била обврска за распишување конкурс.

Весникот Блиц на интернет страницата објави и листа на функционери по министерства кои се вработиле без почитување на прописите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ