Билт: Заборавете на поделба на Косово

Од:

Европската унија нема да прифати поделба на Косово. Ваква порака до Србија испрати шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт во изјава за српскиот весник „Новости“. По објавувњето на годинашниот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија и Стратегијата за проширување, од Белград е испратена јасна порака дека формулацијата за почитување на територијалиот интегритет на Косово не е прифатлива.

Меѓутоа, Билт, кој е искусен европски преговарач, смета дека од српските власти претходно стигнале загрижувачки пораки за можно решение на косовскиот проблем.

Тоа што е јасно од наша страна е дека поделбата на Косово не е опција. Видов дека од Белград дојдоа некои прилично загрижувачки изјави во таа смисла. Мислам дека е важно Белград да разбере дека тоа е важен став – истакна тој.

Билт рече дека постои дијалог меѓу Белград и Брисел што е во тек, Штефан Филе бил во спрската престолнина пред неколку денови и дека наскоро ќе се остварат и други контакти на високо ниво по кои се очекува работите да станат појасни. Шведскиот министер за надворешни работи рече дека не слушнал оти Шведска е една од земјите што бара укинување на безвизниот режим за Србија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски