Бил планиран атентат над Ердоган

Од:

Заштитениот сведок во делото против ултранационалистичката организација Ергенекон во Турција денеска пред судот тврдеше дека се подготвувал атентат врз премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Сведокот тврдеше дека атентатот требало да биде извршен по наредба на резервниот генерал на турската жандармерија Вели Кјучјук, осомничен за случајот Ергенекон. Наводно, генералот врбувал работник во автопералната, што е во близина на домот на Ердоган, да го елиминира премиерот. Но, работникот се откажал.

Атентатот бил планиран во 2004 и 2005 година и требало да биде извршен со автомобил-бомба.

Заштитениот сведок работел како информатор на разузнавањето на жандармеријата од 1991 до 1999 година. Тој спомна и имиња на други офицери, како и за средби со припадниците на руската разузнавачка агенција КГБ и тајните служби.

Во своето сведочење, заштитениот сведок наведе дека армискиот генерал Левент Ерсоз во 2005 година тврдел дека има можност претседателот да биде отруен од неговата сопруга.

– Многу сме силни. Ако е потребно, можеме да ја натераме дури и сопругата да го отруе претседателот, наводно кажал Ерсоз.

Стотици офицери, адвокати, научници и новинари се обвинети за членство во Ергенекон, организација која подготвувала воен удар против владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски