БиХ суспендирана од ПССЕ

Од:

Босна и Херцеговина до крајот на годинава ќе биде суспендирана од работата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), бидејќи во рок од шест месеци по одржувањето на општите избори не назначи нови претставници во тоа тело, изјави денеска известувачот на Советот за БиХ, Тини Кокс.

– Тоа е многу лошо за БиХ, бидејќи не може да учествува во тековните дискусии за иднината на Советот на Европа и улогата на Парламентарното собрание, ниту во дебатата за буџетот на Европскиот совет и изборот на генералниот секретар во јуни, изјави Кокс.

Тој оцени дека во новонастанатата ситуација, БиХ најмногу губи.

– Ја предупредивме неколкупати Босна и Херцеговина и не добивме одговор, рече Кокс и повторно го повика Парламентот на БиХ да ја исполни својата обврска и што е можно поскоро да ја претстави новата делегација.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина