БиХ се подготвува за наплив од мигранти

Од:

Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ соопшти дека властите во неговата земја се подготвуваат за можен наплив од мигранти, откако Унгарија соопшти дека ќе ги затвори своите граници за бегалци, пренесе ТАСС.

Мектиќ изјави дека босанската Влада подготвува план за реакција во случај затворањето на унгарските граници да доведе до промена во маршрута на мигрантите кон Западна Европа, и ако се земат предвид и факторите кои можат да го дестабилизираат Западен Балкан.

– Ни претстои зимска сезона и бегалците нема да можат да останат во импровизираните прифатни центри. Има и сериозни знаци дека Унгарија ќе го затвори коридорот и тогаш тие ќе тргнат кон Босна и Херцеговина, изјави Мектиќ во Сараево.

Министерот, исто така, изјави дека е невозможно да се предвиди за каков број мигранти може да стане збор, но босанските власти се должни да преземат мерки од хуманитарен аспект и за гарантирање на безбедноста.

Мектиќ подвлече дека ниту Босна и Херцеговина, ниту другите држави во Западен Балкан можат да го решат проблемот со бегалците и затоа од ЕУ се очекува конечното решение на проблемот.

-Ние сакаме да бидеме дел од тоа решение, но не гледам можност да можеме да ги решиме проблемите на 200-300 илјади или половина милион бегалци, рече босанскиот министер.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он