БиХ и Црна Гора потпишаа Договор за разграничување

Од:

Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак и министерот за внатрешни работи на Црна Гора; Рашко Коњевиќ денеска во Виена потпишаа договор за разграничување, пренесува Танјуг.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и претседавачот со претседателството на БИХ, Драган Човиќ, како и претседателот на Австрија Хајнц Фишер.

До документот практично се решава прашањето на меѓудржавните граници на БиХ и на Црна Гора.

– Договорот испраќа посебна порака бидејќи БиХ има нерешени прашања за границата со Хрватска и со Србија. Испраќаме порака дека сами треба да ги решаваме проблемите со границата. Пред се мораме да ги отстраниме проблемите во комуникацијата, истакна Човиќ.

Црногорскиот претседател Вујановиќ изрази задоволство од постигнатиот договор.

– Без меѓународно посредување, со добра волја, добрососедски односи и пријателски однос меѓу двете земји договоривме договор кој го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ и на Црна Гора, а ја дефинира и соработката меѓу земјите, посочи Вујановиќ.

Претседателот на Австрија наведе дека потпишувањето на Договорот покажува оти „проблемите можат да се решат на мирен начин“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ