Договорот од Преспа е корисен за земјата, патриотски, корисен за народите во регионот кои треба да живеат во мир и перспектива, суштината е дека постигнавме нешто историско за Балканот и за земјата, рече лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас за време на неговото учество на економскиот форум Делфи, кое го следеше во живо и премиерот Зоран Заев.
-Клучно е, во нашето соседство да имаме сојузник, а не непријател. Со оглед на тоа дека тука е господинот Заев, ќе кажам дека овој договор, ја промени играта на Балканот, ја промени играта во позитивна насока. Без овој договор и без европската перспектива и за Северна Македонија, која се стабилизираше како земја и за Албанија, имам чувство дека ќе имавме многу нестабилни соседи. На нашата северна граница ќе имаше нестабилност како онаа што ја гледаме во Либија, а можеби и трети земји ќе беа активни таму, а можеби и Турција ќе играше улога, истакна Ципрас и додаде вредела политичката цена што ја презеле.
За време на посетата на Атина, премиерот Заев ќе се сретне и со лидерот на СИРИЗА.