Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека поведението на неговиот српски колега Ивица Дачиќ е доказ дека во Белград продолжува да царува албанофобија, соопшти од Тирана грчката агенција АНА-МПА.
– Да ги изедначуваш борците од „Армијата за ослободување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац”, кои војуваа за слободата против потиснувањето над Албанците во долината Прешево од страна на режимот на Милошевиќ, со терористите од Ал Каеда, е вистински израз на албанофобија, која се уште доминира во Белград. Нашите загинати никогаш не умираат, напиша Бериша на својот сајт.
Премиерот на Албанија коментарот го даде по изјавата на српскиот премиер Дачиќ во Скопје, од пред два дена, за време на неговата посета на Македонија.