Бериша вети слободни избори

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша на средбата со шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле, вети дека ќе спроведе слободни и фер избори, пишува албанскиот весник „Тема“

Премиерот Бериша, задржувајќи се на подготовките за парламентарните избори на 23 јуни го запозна Вестервеле со значајните резулати кои се постигнати во областа на изборните реформи, кои овозможоја Албанија денес да има изборен закон кој ги рефлектира сите препораки на ОДИХР и воедно најточен систем на пребројување на гласовите на планетава“, јави дописникот на МИА од Тирана.

Што се однесува на критиките од САД и од земјите на ЕУ за употребата на националистичката реторика, Бериша ја потенцирал албанофобијата која, според него, постои во регионот.

Зачленувањето на Западен Балкан во ЕУ е и останува значаен проект за земјите од регионот, како нивна најдобра и најбезбедна иднина, изјави Бериша.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски