Бериша вети коректни и слободни избори

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша на денешната средба со делегација на Американскиот демократски инситут гарантирал дека во Албанија јунските парламентарни избори ќе бидат коректни и слободни и оти ќе се почитуваат меѓународните стандарди, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во соопштението од кабинетот на Бериша, се наведува дека тој ветил дека Владата ќе се ангажира изборите на 23 јуни да бидат фер, слободни и демократски.

– Владата ќе ги реализира сите подготовки со цел да имаме еден изборен процес според виоските меѓународни стандради, изјави Бериша на средбата со делегацијата на Американскиот демократски институт предводена од Хоњард Деан.

Пред делегацијата која во Албанија престојува за да се запознае со подготвките за престојните парламнетарни избори, Бериша го обвинил лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама дека „подготвува сценарио за оспорување на изборите искажувајќи неосновани обвиненија“.

Претходно Рама го обвини Бериша дека се подготвува за манипулација на изборните резултати.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски