Бериша: Опозицијата е виновна за недобивањето статус на кандидат за членство во ЕУ

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша ја обвини опозицијата за тоа што Советот на министрите за надворешни работи во ЕУ не и даде на државата статус на кандидат за членство во ЕУ, објавуваат денеска весниците во Тирана.

– Трета година по ред Албанија не добива таков статус поради фактот што опозицијата не гласа за три закони кои се услов за напредок на државата на патот кон ЕУ, изјави Бериша.

– Еди Рама (лидер на Социјалистичката апртија) ја реализира сатанската намера да го блокира стстусот кандидат за членство на Албанија, верувајќи слепо дека тоа ќе му ги подобри позициите на следните избори, додаде Бериша.

Тој повика сите министри да продолжат да работат за да може државата да одговори на барањата на ЕК.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици