Како највозрасен пратеник во новиот албански законодавен дом на Сали Бериша му припаѓа правото да ја раководи конститутивната седница на Парламентот.
Сега веќе екс премиер и поранешен лидер на демократите Бериша, на неговиот профил на Фејсбук пишува дека нема да раководи со седницата закажана за денес попладне во 18 часот бидејќи како што наведува „ова мнозинство е создадено со измама, криминал, пари од дрога“.
– Јас одбивам да ја отворам седницата на Парламентот. Мнозинството на склупторот (се однесува на лидерот на социјалистите Еди Рама) е созадена со измама, криминал, пари од дрога, стои на неговиот профил.
Тој понатаму објаснува дека тоа не го прави поради фактот што неговата партија е во опозиција, туку поради тоа што ова владеачко мнозинство дошло на власт со антиглобалистички измами како оние на Папандреу во Грција.
Доколку Бериша (род. 1944 год.) направи така како што пишува, со седницата ќе раководи вториот по возраст пратеник, Намик Докле од редовите на социјалистите, кој е две години помлад од Бериша.
Инаку, Бериша, пред седницата на парламентот ќе си поднесе оставка на функцијата премиер иако до изборот на новата влада на 12 септември ќе остане на истата.