Албанскиот премиер Сали Бериша беше принуден денеска да се врати во Тирана, иако неговиот авион беше на половина пат кон Приштина, бидејќи воените ветерани ја прекинаа церемонијата на која требаше да присуствува заедно со косовскиот премиер Хашим Тачи.
Планот бил Бериша и Тачи да отворат делница од патот Приштина- Тирана, но неколку стотини поранешни припадници на ОВК ја урнале говорницата од која премиерите требало да се обратат.
Ветераните бараа пуштање на слобода на еден од новните команданти, Фатмир Лимај.
Мисијата на Еулекс на Косово го уапси Лимај во саботата, откако Врховниот суд ја поништи првостепената пресуда и нареди ново судење за Лимај за воени злосторства против српските цивили за време на конфиктот на Косово.
Цеременијата на која требаше да присуствува Бериша беше закажана за прославата на стогодишнината од албанската независност и Денот на албанското знаме.