Бериша: Националната химна да се врати во целосна форма

Од:

Премиерот Сали Бериша, во пресрет на одбележувањето на 100 годишнината од независноста на Албанија, 28 ноември, го отвори патот за враќање на строфата на нацоналната химна, која е отстранета за време на комунистичката дикататура.

Станува збор за зборовите каде Албаците се молат на Бога, зашто, како што оценува Бериша Бог и Нацијата се едно и неделиво.

Националната химна треба да се врати во целосна форма. Апелот на Албанците кон Бога е најправеден, зашто Бог и Нацијата се едно и неделиво, што во вистинска смисла на зборот значи љубовта кон нацијата и земјата, извира од духот на Бога, изјави Бериша, давајќи им задача на академиците, композиторите и надлежните инситуции да ги разгледаат сите модателитети и националната химна да се врати во првобитната форма, онака како што ја напишал големиот преродбеник Аленсандр Ставре Дренова, или како кусо го нарекуваат Асдрени.

Иницијативата на Бериша, според весникот „Газета шќиптаре“ веднаш добила подршка од верските заедници.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски