Премиерот на Албанија, Сали Бериша денес изјави дека ќе го поздрави постигнувањето на договорот во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, кој би бил голем напредок за двете страни, но и за регионот.
Во соопштението кое што го издаде неговиот кабинет, Бериша наведе дека внимателно го прати најновиот позитивен развој на случувањата во рамките на дијалогот помеѓу Белград и Приштина – напиша агенцијата „АТА“.
Бериша истакна дека договорот значи големо постигнување, не само за двете страни во дијалогот, туку и за целиот регион.
-Овој договор ќе го отвори патот за соработка и интеграција во регионот, но и ќе го забрза процесот за европските интеграции-нагласи тој.
Елена Георгиевска