Бериша: Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка

Од:

Албанскиот премиер и лидер на Демократската партија Сали Бериша во обраќањето на Форумот на младите сили на оваа партија изјави дека националното прашање е главно прашање на Демократската партија.

– Националното прашање е во основата на програмата на Демократската партија. Албанофобијата, или стравот од Албанците, денес кружи низ Балканот како сенка. Во минатото нашите соседи не сметаа за граѓани од втор или трет ред. Не сакаа да ги прифатат Албанците како слободен народ, истакна Бериша.

Тој нагласи дека денес Албанците се посложни и пообединети од било кога во минатото.

– Етничката територија на Албанија треба да биде во националната свест на секој Албанец. Секој ја знае нашата цел, а тоа е јакнење и кохезија на албанската нација. Ние денеска дејствуваме како еден силен народ, додаде албанскиот премиер.

Бериша нагласи дека во блиското минато постоеле сериозни програми и обиди за истребување на албанската нација.

– Во минатото соседите сакаа да ја поделат албанската територија и целосно да ја уништат. Меѓутоа, денес е се поинаку. Денес и Косово е слободно. Но и покрај се, им нудиме на соседите можност за дијалог и соработка, изјави Бериша.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски