Белград со порака до Будимпешта: Србија не е концентрационен логор на Унгарија

Од:

Официјален Белград денеска остро ја предупреди Владата во Будимпешта да не ги враќа назад од Унгарија во Србија, бегалците кои веќе се наоѓаат на унгарска територија.

Предупредувањето доаѓа откако по стапувањето во сила на новите законски мерки за имигранти, унгарските власти ја прогласија Србија како „безбедна земја“, па најавија дека во неа ќе ги враќаат сите бегалци и мигранти со нерегулиран статус.

Во интервју за лондонски „Дејли Телеграф“, српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин вели дека нема да има враќање на бегалците.

– Србија не е концентрационен логор на Унгарија, изјави Вулин.

Според српскиот министер, не може никој да се враќа назад без согласност и без јасно изразена волја на луѓето кои бегаат од воените жаришта.

– Тие не се криминалци, не направиле никакво криминално дело, па затоа не може да бидат протерувани (и враќани во Србија), ако не сакаат, а колку што знам тие не сакаат да живеат во Србија, туку бараат начин да стигнат до Европа или до некоја друга дестинација, изјави српскиот министер.

Вулин го критикува однесувањето на унгарските власти кон бегалците и ја осуди одлуката да се постави ограда долж српско-унгарската граница.

– Страшно е во 21 век да се подигаат огради со бодликав тел на нив„ вели Вулин, кој смета дека српската Влада се покажала како најкооперативна и спремна да им помогне на луѓето во оваа криза.

Според него, на патот на бегалците од Турција, преку Балканот до Европа, само во Србија не се регистрирани никакви инциденти.

– Такви случаи имаше во Грција, во Македонија, во Унгарија и во Австрија, но не и на српска територија, изјави Вулин во интервјуто за „Дејли Телеграф“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ