Бегај: Национална безбедност врвен приоритет, како и зајакнувањето на врските со сојузниците

Од:

Албанскиот претседател Бајрам Бегај преку објава на Твитер ги осуди кибернападите што ја погодија неговата земја, повикувајќи на зајакнување на врските со партнерите и сојузниците на Албанија.

-Неодамнешните кибернапади врз нашата витална инфраструктура не потсетуваат дека националната безбедност е врвен приоритет. Мораме да ги градиме и развиваме нашите национални способности преку зајакнување на врските со нашите партнери и сојузници за да ја заштитиме безбедноста на нашите земји и народи, напиша Бегај.

Тој исто така потсети на терористичкиот напад од 11 септември 2001 година во САД.

-Денеска им оддаваме почит на сите оние кои ги загубија и ги дадоа своите животи во смртоносните терористички напади од 11 септември против САД и демократијата, наведува Бегај во објавата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретна со претставници на партиите на Албанците

Горан Наумовски

Бегај: Молитвите на албанскиот народ се со семејствата за загинатите и повредените во С. Македонија

А1он

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Бајрам Бегај: Соседите треба да се почитуваат меѓусебе и да ги почитуваат симболите на народите

Пендаровски: Македонските деца во Пустец да го зборуваат македонскиот јазик за да бидат во контакт со татковината

Катерина Ѓуровски

Пендаровски во посета на Пустец