Бата Живојиновиќ почна да се смее и да се шегува

Од:

Познатата мисла „Во маката се познаваат јунаците“ остана запаметена откако како свој животен принцип си ја присвои легендарниот српски актер Велимир – Бата Живојиновиќ, кој во моментов води тешка битка за закрепнување од ударот што го доби во вторникот минатата недела.

Додека лекарите во белградската болница „Свети Сава” ги вложуваат сите свои напори да го подобрат неговото здравје, тој се шегува на своја сметка и го забавува медицинскиот персонал.

Кога ќе го прашаат како се чувствува, тој велел: „Došao sam malo da se odmorim“ (Дојдов малку да се одморам), или „Ne dam se, neću još da bacim kašiku“ (Не се предавам, се уште нема да ја фрлам лажицата).

Иако „Блиц“ не успеал да го посети лично, сепак од болницата добиле информации дека Бата е свесен и дека се чувствува многу подобро, но дека се уште е неблагодарно да се зборува за неговата ситуација како ќе се двужи понатаму со оглед дека состојбата се уште му е критична.

Ранко Тодоровиќ, шеф на Одделот за интензивна нега, каде што се наоѓа познатиот актер истакна дека првите три недели се најважни и упати апел до семејствато и пријателите дека мораат да имаат разбирање за неговите потреби.

„Од суштинско значење е тоа што Бата е свесен, комуникативен, нема зголемена температура и диши нормално. Притисокот и неговиот пулс е по 24-часовен мониторинг и постојано има крај себе медицински надзор. Се храни со лажица, за разлика од претходните денови, кога беше само на течности. Првите три недели се најкритични. Но нема тука да му заврши терапијата затоа што пациентот страда од васкулопатија, а покрај тоа е и пушач. Ние сме импресионирани од неговиот оптимизам во најтешките моменти да ги храбри теие околу него, но не препорачуваме посети, бидејќи во моментот било какво емотивно доживување или возбудување не му е потребно. Непходен му е мир“.

Пораки за поддршка на познатиот Валтер доаѓа од сите страни. Неговата сопруга Лула, како и досега му е најголемиот верен пријател. Таа минатиот четврток ги забрани сите посети на роднини, пријатели, актери и политичари.

Според информациите на „Блиц“ ноќта по посетата на Ивица Дачиќ, Милорад Мандиќ и неколку блиски роднини и пријатели, била исклучително тешка за Бата. Притисокот му се качил на 220 и едвај преживеал.

Би можело да ве интересира

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски

Србија против Албанија без навивачи

Два земјотреси ја погодија Србија: Првиот беше послаб, а потоа следеше посилниот

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија