Новиот лидер на албанската Демократска партија и градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, упати тешки обвинувања на адреса на новиот владин кабинет, чиј состав вчера го соопшти премиерот Еди Рама.
На средба со новинарите, Баша ја оцени новата влада како експериментална екипа, која не е во служба на граѓаните, туку само исполнување на желбата на Рама да стане премиер.
– Вчера граѓаните слушнаа од Рама за екипата која ќе се соочи со предизвиците на извршната власт. Екпсериметална екипа со министри на Рамиз Алија, протагонисти да ја земат власта и да профитираат од тоа, изјави меѓу другото Баша, обвинувајќи го Рама и за неговото неадекватно раководење на Тирана, кога беше градоначалник.
Според Баша, последиците од оваа влада на „камикази и шверцери“ ќе го осиромашат џебот на сите албански граѓани, ветувајќи дека ДП ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните.
На составот на кабинетот на Рама, реагираше и друштвото на Грците „Омонија“ искажувајќи сомнеж „како новата влада ќе го заштитува ова малцинство кога во нема нема ни еден министер Грк“. Омонија побара од Партијата за заштита на човековите права, чиј лидер е Вангел Дуле, а која беше дел од изборната коалиција предводена од социјалистите на Рама, да го преориентира политичкиот став.