Басеску останува суспендиран

Од:

Уставниот суд на Романија ја одложи за 12 септември одлуката за валидност на референдумот за отстранување на претседателот Трајан Басеску од функцијата.

Одлуката за одложување на пресудата судот денеска ја донесе поради контрадикторните податоци за излезност на избирачите, поради што не е јасно дали е остварена минималната излезност или не.

Според романските медиуми, тоа значи дека шефот на државата останува суспендиран и понатаму, а неговата должност ќе ја извршува привремено претседателот на Сенатот Крин Антонеску.

Уставниот суд треба да ги преразгледа резултатите од референдумот кој беше неуспешен поради недоволниот одзив на гласачите, а прелиминарните резултати покажуваат дека 87,55 отсто од оние кои излегле гласале за заминување на Басеску, а само 11,12 проценти му ја дале поддршката.

Парламентот на почетокот на минатиот месец му изгласа недоверба на Басеску поради тоа што наводно повеќе пати го прекршил Уставот со преземање на должноста премиер и постојано мешање во работата на Владата, непочитување на Сенатот и другите државни институции.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ