Утринава голем број полицајци се во Банско поле, каде одат од врата до врата и земаат изјави од локални жители во истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2), која исчезна пред точно 7 дена.
Како што јавуваат српските медиуми, полицијата оди од куќа до куќа, ги прегледува подрумите и ги испрашува жителите кој во која куќа живее.
Полицајите утрово прекопувале на одредена локација. До дворот каде што исчезна девојчето се уште не може да се пристапи.
Паралелно продолжува и истрагата во Виена каде австриската полиција се обидува да ги идетификува двете жени од видеото кое го објави Србин и на кое се гледаат жените за кои тој вели дека биле романки и девојче кое наликува на исчезнатата Данка.