Бандиќ го напушти затворот во Реметинец

Од:

Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ вечерва излезе од истражниот затвор во Реметинец, а по одлуката на Уставниот суд, кој укина три одлуки на Жупанискиот суд од март, Бандиќ на слобода и понатаму ќе има забрана за извршување на градоначалничката функција.

Истражниот судија Зденко Посавец потврди дека откако ја разгледал одлуката на Уставниот суд, тој испратил допис до затворот во Реметинец со кој Бандиќ е пуштен на слобода, бидејќи во одлуката пишува дека „треба веднаш да биде пуштен на слобода“. На оваа одлука нема жалба и таа е правосилна.

Ускок вчера побара Бандиќ и натаму да остане „зад решетки“, а истражниот судија на загрепскиот Жупаниски суд денеска го одложи рочиштето на кое требаше да одлучува за овој предлог, веднаш по добивањето на информацијата дека Уставниот суд одлучи по уставната тужба на Бандиќ.

Во аферата „Аграм“ Бандиќ е осомничен дека го оштетил градот Загреб, со кој управува 12 години, но и дека со неплаќање данок на донации примени во неговата претседателска кампања во 2010 година го оштетил државниот буџет. Вкупната „штета“ обвинителството ја процени на околу 20 милиони куни.

Истрагата против Бандиќ беше проширена откако Вида Демарин, како претседателка на управниот совет на Загрепската фондација за помош на лицата заболени од цереброваскуларни болести, на истражните органи им раскажала дека Бандиќ во два наврата ја наговарал да го смени својот исказ и да потпише документ со невистинита содржина.

Кон средината на февруари против Бандиќ беше покренато и обвинение со кое Ускок го товари дека со двајца други обвинети од здружението „Во име на семејството“, при собирањето потписи за распишување на референдумот „Да ги бираме пратениците со име и презиме“ се стекнал со незаконска корист од најмалку 308.000 куни. Но, загрепскиот суд ова обвинение му го врати на Обвинителството на преразгледување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Снег во Хрватска: Заглавени камиони