Балканските земји-членки на ЕУ ќе помогнат за европската интеграција на другите држави од регионот

Од:

Четирите држави на Балканот кои се членки на Европската унија – Бугарија, Грција, Романија и Хрватска, заедно ќе помагаат за европската интеграција на останатите шест земји од регионот.

Ова го договорија министрите за надворешни работи на балканските држави-членки на ЕУ Екатерина Захариева, Никос Коѕиас, Теодор Мелешкану и Марија Пејчиновиќ Буриќ на работната средба во Њујорк, соопшти прес-службата на бугарското МНР.

Министрите направија преглед на она што досега го постигнаа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Србија и Црна Гора и се согласија да дадат политичка и експертска поддршка за нивната европска перспектива.

Захариева, Коѕиас, Мелешкану и Буриќ се договорија заедно да ги посетат земјите-кандидатки за да дадат знак дека стојат зад нив во нивните напори да ги исполнат критериумите за членство. Така, Западен Балкан ќе биде приоритет не само на бугарското претседателство на Советот на ЕУ, туку и на другите земји-членки од регионот.

– Државите треба да бидат оценувани според нивните заслуги. Знаеме дека на Балканот често има љубомора, но таа може и да е конструктивна, па да стимулира реформи во некои држави. Нашата помош за нив треба да се изразува и во практични работи – обезбедување на експерти, заеднички настап на средби во Брисел, поврзување на инфраструктурата, истакна бугарската министерка Захариева.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија