Балканликс го поврза бугарскиот премиер со подземјето

Од:

Премиерот Бојко Борисов пред стапувањето на политичката сцена во Бугарија работел како известувач за безбедносните сили на Бугарија, тврди сајтот Балканликс.

Борисов ги демантира тврдењата за вмешаност во ивестувањето за структурите на силите за безбедност на Бугарија додека се наоѓал на чело на една компанија за осигурување.

Тој смета дека зад сето ова се крие главната опозициска партија во земјата, Социјалистичката партија, како и одредени енергетски лобија.

Во документот објавен вчера на страницата Балканликс се наведува дека Борисов работел како известувач за Канцеларијата за борба против организираниот криминал, додека бил сопственик на една приватна компанија за осигурување. Во истиот документ се наведува дека Борисов во 1996 година имал добри односи и со подземјето во Бугарија.

Меѓутоа Борисов изјави дека таквите тврдења се резултат на пропагандата насочена против него пред општите избори, кои треба да се одржат ова лето.

– Го поддржавме проектот НАБУКО и го стопиравме проектот за Централата за нуклеарна енергија Белене. Некои кругови, кои се против оваа одлука очигледно на овој начин сакаат да го покажат своето несогласување, додаде Борисов.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме