Балкан: Плати од 400 евра и летувања на Тајланд

Од:

Се поголем граѓани од земјите од Западен Балкан изминатите години своите годишни одмори ги поминуваат на мошне луксузни и егзотични светски дестинации и покрај фактот дека просечните месечни примања во регионот се околу 400 евра, а во одредени земји стапката на невработеност достигнува и до 40 отсто.


Новинарите на агенцијата Анадолија дошле до изненадувачки податоци, како тој дека од десет до 20 отсто од сите граѓани, кои се одлучуваат да патуват надвор од нивните земји, избираат луксузни егзотични светски дестинации, чии аранжмани често пати чинат и до четири илјади евра.


Овие податоци, забележуваат социолозите, упатуваат на се поприсутниот тренд на исчезнување на средната класа во овој дел од светот и на појавувањето на екстремно богати лица, кои можат да платат скапи патувања.


Претставничка на една туристичка агенција од Сараево изјави дека кај нив постои значителна заинтересираност за егозтичните дестинации, од Дубаи до Куба.


Таа истакна дека меѓу егзотичните дестинации, кои ги избираат граѓаните на БиХ се и Малдивите, Куба, Тајланд, Њујорк, Мексико и Дубаи.


Дури постои интерес и за тропскиот остров Бали, познат како островот на боговите и демоните, односно на рајот и пеколот на земјата, сместен на преминот од Индискиот во Тихиот Океан.


– Во последно време Иран стана популарен и интересен, а аранжам од девет ноќевања во таа земја чини околу 850 евра со сите такси, тврдат од сараевската агенција.


Претставник на турстичка агенција од Црна Гора за Анадолија истакна дека граѓаните на таа земја изминатите години исто така се повеќе се определуваат за егзотични дестинации, како Дубаи, Доминиканска Република, Тајланд, Индија и Куба.


– На нашите клиенти во последно време Куба им стана многу привлечна и интересна, како и патувањата во Јужна Америка. Од вкупната побарувачка на нашите клиенти околу пет до десет отсто се однесуваат на егзотичните дестинации, велат од оваа агенција.


Тие тврдат дека одреден број граѓани на Црна Гора се определуваат и за најскапите понуди во таа агенција, пат околу светот во траење од 25 до 30 дена, која чини околу четири илјади евра, како и за тура низ Јужна Америка, која исто така чини околу четири илјади евра.  


Туристичките агенции од Србија нагласуваат дека граѓаните на таа земја често пати се одлучуваат за егзотични дестинации, како што се Дубаи, Малдиви, Шри Ланка, Индија, Тајланд, Доминиканска Република, Куба, Бали, Маурициус и Виетнам.


– Изминатите години се поголема е побарувачката за егзотичните дестинации. Кај нас од егзотичните дестинации најпобарувани се Дубаи и Тајланд. Од вкупната побарувачка на нашите клиенти околу десет отсто се однесуваат на егзотичните светски дестинации, велат од една белградска туристичка агенција.


Од агенцијата нагласуваат дека во последно време се повеќе граѓани на Србија се распрашуваат за Малдивите, каде аранжман по лица чини околу 1.500 евра.


Исто така според претставничката на една позната туристичка агенција од Загреб и во новата членка на Европската унија постои значителна заинтересираност на хрватските граѓани за егзотични и оддалечени дестинации во различни делови на светот.


Од агенцијата велат дека граѓаните на Хрватска најмногу се интересираат за Куба, Доминиканска Република, Карибите, Африка, Кенија, Маурициус, Тајланд и Мароко.

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ