Бала: Сали Бериша не заслужува повеќе да биде дел од албанското Собрание

Од:

Откако пред два дена од Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, побара под итно да отвори истрага за Сали Бериша и Љуљзим Баша за „руските рубљи“, што партијата ги добила за избори, координаторот на пратеничката група на владејачките социјалисти, Таулант Бала од собраниската говорница порача дека „Сали Бериша не заслужува повеќе да биде дел од парламентот“.

Тој повторно го обвини Бериша за соработка со Русија „во време кога Путин и објави војна на Европа“ и го спореди со Лавров и Хамнеи.

-Бериша е најсодржајната персонификација на албанските предавници, во него го наоѓате секој од оние кои имале можност да и наштетат на Албанија. Да потсетам дека секогаш кога Албанија и Албанците имаат големо прашање пред себе, на другата страна е Сали, кој прави сè што може за да ја предаде Албанија. Сали протестира, кога погледот на Албанците е вперен кон ненормалната ситуација на Косово – сценарио Србија да ја повлече Српска листа, го имате Сали да протестира кога Албанија е домаќин на најголемиот самит, го имате Сали што повикува на насилство. Додека Путин и објави војна на Европа и демократијата, вие го имате Сали Бериша со ист речник како путиновиот Лавров и иранскиот Али Хамнеи. Хамнеи ја сметаше Албанија за опасна земја, истото го изјави Бала за британски медиум, каде рече дека Албанија е опасна земја, обвини Бала.

Според него, ЦИА потврдила дека Демократската партија ја финансирале Руси кои и префрлиле 600 илјади долари, но „Бериша, нема храброст да се соочи со документите што ги поседуваме“.

-Сали е врската со руската рубља, тој го прекрши ембаргото за снабдување на автомобилот на Слободан Милошевиќ со шверцувана нафта за да ги убие беспомошните. Сали гласаше во јануари 2011 година за извештајот на Дик Марти дека ОВК е банда која мачела луѓе, а потоа им ги крадела органите. Да за неа, за овој срам, гласаше Сали Бериша. Вистината е дека за Собранието е нечесно „нон грата“ да биде дел од него. Прогласен за „нон грата“ од САД тој не заслужува повеќе да биде во собраниската сала, посочи Бала.

Бериша пак обвини дека тоа социјалстите го прават бидејќи се во „паника поради антивладиниот протестот, кој ќе биде најмасовен досега“. Протестот Бериша го најави за сабота, 12 ноември, пред владата во Тирана, за што поддршка доби и од Илир Мета, лидер на Партијата на слободата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бериша не отстапува: Протестот ќе го одржиме, Рама прави погрешни пресметки

А1он

Бериша го обвини Рама за „супер злоупотреба“, премиерот возврати – патувањата се во рамки на буџетот

А1он

Бериша обвини дека зад кибер-нападите вмешани се и домашни, српски и руски хакери

А1он

Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ

А1он

Бериша и Мета се договорија: Ќе спроведат силна опозициска активност против Владата

А1он

Бериша: Единствената цел на опозицијата е соборување на Еди Рама

А1он