Бериша: Единствената цел на опозицијата е соборување на Еди Рама

Од:

Поранешниот албански претседател и експремиер, кој го предводи крилото за обнова на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека единствена цел на пошироката опозиција е соборување на владата на Еди Рама.

dobivaj vesti na viber

Тој ја коментираше изјавата на лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател Илир Мета за формирање техничка влада следниот месец.

– Не сме разговарале за техничка влада но заеднички став е Еди Рама да си замине ден порано. По заминувањето на оваа влада, најосновна задача е да се подготват слободни и фер избори. Дали ќе се постави техничка влада или ад-хок влада, ќе изберат политичките сили, рече Бериша.

Изрази подготвеност за формирање коалиција со партијата на Мета за следните локални избори во 2023 година.

Прецизираше дека кандидатите на Демократската партија нема да ги избира тој лично, ниту Претседателството на партијата, туку на прелиминарни избори по принципот ” еден член еден глас”.

Мета, претходно најави соборување на Еди Рама од власт и формирање техничка влада во септември годинава, обвинувајќи го за корупција, криминал и депопулација на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Албанија со изненадувачки богата туристичка сезона

А1он

Рама: Прекинот на односите со Иран не е голема загуба за Албанија

А1он

Бериша обвини дека зад кибер-нападите вмешани се и домашни, српски и руски хакери

А1он

Рама: Имавме докази, моравме да ги прекинеме сите врски со Иран

А1он

Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ

А1он

Рама: Србија не може да опстане без поддршка од Москва

А1он