Бериша обвини дека зад кибер-нападите вмешани се и домашни, српски и руски хакери

Од:

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, на денешната редовна неделна средба со новинарите обвини дека зад кибер- нападите врз владините дигитални системи освен ирански стојат и домашни-владини, како и руски и српски хакери.

– Сакам да ги информирам Албанците дека во операцијата за уништување на дигиталната инфраструктура во Албанија, откриени се траги не само на иранските хакери, туку и на руски и српски хакери. Додека пак внатрешни-владини лица “интервенирале” во ТИМС системот за да се сокрие поврзаноста на Еди Рама и неговите министри со криминалот, изјави Бериша, додавајќи дека тоа го заснова на три сигурни извори.

Убеден е дека Косово било нападнато од системите на Албанија.

– Црна Гора и Македонија беа нападнати од хакери но немам информации дали тоа е направено од албанските системи, а за Косово е точно дека е нападнато од албанските системи, обвини Бериша.

Како и вчера од собраниската говорница и денеска повика на штрајкови, граѓански бунтови и непослушност.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг